1. Home
  2. Секција на жени
  3. ЕДУКАЦИЈА НА СИНДИКАЛНОТО ЧЛЕНСТВО – СЕМИНАР ЗА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА КСС

ЕДУКАЦИЈА НА СИНДИКАЛНОТО ЧЛЕНСТВО – СЕМИНАР ЗА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА КСС

ЕДУКАЦИЈА НА СИНДИКАЛНОТО ЧЛЕНСТВО – СЕМИНАР ЗА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА КСС
0
252 ПРЕГЛЕДИ

На 23, 24 и 25 јуни во Охрид, Хотел Десарет се одржа семинар на Секцијата на жени на КСС на тема: Поголем родов баланс во синдикатот и внесување на родовите прашања во Колективното преговарање во организација на КСС со партнерство на Фондацијата Фридрих Еберт. Во текот на првиот ден на семинарот, предавачи беа Елена Грозданова и Јована Тренчевска од МТСП, со презентации на теми поврзани со законската ргулатива од областа на родовата рамноправност и еднаквите можности, како и за родовиот јаз во платите.

Вториот ден беше посветен на колетивното преговарање и еднаквоста помеѓу половите, каде предавач беше Мирјанка Алексевска од МТСП. Преку низа на интерактивни вежби, работилници и дискусии учесничките ги дискутира прашањата на родовата (не)еднаквост во Р. Македонија и начините како со подобра подготвеност за колективното преговарање да се вклучи и родовата димензија за подобро застапување на жените работнички. На семинарот презентација одржа и Емил Крстановски, Национален Координатор на МОТ за Македонија, кој пред учесниците ги претстави Документите и пристапот на МОТ кон прашањето на родовата рамноправност.