КСС УЧЕСНИК НА 13 ЖЕНСКА ШКОЛА И КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПЕРК/ИТУЦ
На 6,7,8.12.2012 во Будимпешта се одржа 13 по ред меѓународна Синдикална школа и Конференција на Паневропскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикати ПЕРК-ИТУЦ. Темата на школата беше „Јакнење на положбата на жените на работното место и во синдикатите“ и „Јакнење на положбата на женските структури“. На оваа школа учествуваа претставнички на повеќето женски секции на синдикатите од Југоисточна Европа, вклучително и од КСС.
Преку низа предавања и работилници учесничките имаа можност да се запознаат со активностите на женските секции од регионот од изминатата година преку анализа на нивните силни и слаби страни. Предавачите на школата пред учесничките ги преставиле различните модели на структури на женските синдикални организации, комуникацијата во и надвор од синдикатите, комуникацијата во структурата на жените, подобрување на протокот на комуникации итн.
На 8.11.2012 се оржа Годишната конференција-изборно собрание на женската секција на ИТУЦ/ПЕРК, на која се избра ново Претседателство на Женскиот комитет