1. Home
  2. Секција на жени
  3. Секцијата на жени на КСС одржа семинар во Пробиштип

Секцијата на жени на КСС одржа семинар во Пробиштип

Секцијата на жени на КСС одржа семинар во Пробиштип
0
239 ПРЕГЛЕДИ

Oд 28 до 30 октомври 2010 во Пробиштип Секцијата на жени на КСС одржа семинар за своите членки. Целта на овој семинар беше дискутирање за актуелните теми поврзани со дискриминацијата и мобингот на работното место, како и за ефикасната комуникација во синдикалната работа како предуслов за остварување на синдикалните цели. Семинарот се реализира во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје.

На семинарот беа присутни околу 30 жени, претежно од источниот дел на Македонија, од повеќето грански синдикати на КСС. Предавачи на првиот дел на семинарот беа членки на НВО “Центар за перма култура„ од Штип, кои се осврнаа на темите за мобинг и дискриминацијата, правната легислатива, итн. Вториот ден од семинарот Предавач беше Претседателот на Секцијата на жени на КСС Гордана Букревска.

На овој семинар се третираа теми многу важни за успехот на синдикалното движење и работење на сите нивоа. Семинарот се состоеше од теоретски и практичен дел, каде учесничките имаа можност презентираното веднаш да го симулираат преку работилници.