1. Home
  2. Новости
  3. КСС бара да не се заборават работниците од приватниот сектор

КСС бара да не се заборават работниците од приватниот сектор

КСС бара да не се заборават работниците од приватниот сектор
0
664 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијита на слободни синдакти на Македонија денеска повторно се обрати до сите пратеници во Собранието на Република Македонија се со цел прифаќање на амандманот кој што го поднесовме преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста знае дека КСС во изминатиот период имаше голем број на активности во делот на исполнување на законските обврски и усогласувањето на платите на сите работници согласно покчувањето на минималната плата и Законот за минимална плата. Сведоци сме дека имаме многу малку почитување на законите така што работниците во овој период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза која што ја тресе нашата држава, голем број од нив останаа со плати на исто рамниште а не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци. КСС го подржува амандманот за линерано покачување на платите во јавниот сектор за да се ублажат ценовните шокови кои што се на грбот на работникот но исто така мислејќи на сите работници во државата предложивме а пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ прифати да предложи амандман со што би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор кои што се плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари за кои се потребни да се издвојат една милијарда денари од ребаланс на буџетот а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима која што ја најавува власта. Денеска ги потсетивме повторно сите пратеници но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Напоменуваме дека доколку било кој од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС истите тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците.