1. Home
  2. Новости
  3. Меѓународна обука за Европски стандарди за социјално известување како нова алатка за зајакнување на социјалниот дијалог

Меѓународна обука за Европски стандарди за социјално известување како нова алатка за зајакнување на социјалниот дијалог

Меѓународна обука за Европски стандарди за социјално известување како нова алатка за зајакнување на социјалниот дијалог
0
2 ПРЕГЛЕДИ

Во периодот од 17-19 ноември 2026 година во Краков, Полска се одржа меѓународна обука во рамки на проектот ,,Европски стандарди за социјално известување како нова алатка за зајакнување на социјалниот дијалог во компаниите при спроведувањето на Директивата за известување за корпоративна одржливост (CSRD) и известување за еколошките, општествените аспекти и аспектите на управувањето (ESG)” на која учествуваа претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на на Македонија.

На обуката учествуваа претставници на социјалните партнери од Полска и Македонија, од синдикати и од организации на работодавачи. Учесниците се запознаа со основите на Директивата CSRD, европските стандарди ESRS и улогата на синдикатите во процесот на ESG известување, со посебен фокус на социјалните аспекти на работењето на компаниите: условите за работа, платите, социјалниот дијалог и безбедноста и здравјето при работа.

Проектот се темели на Директивата CSRD (2022/2464), која ги обврзува компаниите да поднесуваат годишни извештаи за ESG прашања: животна средина, социјални прашања и корпоративно управување.

Посебен акцент е ставен на социјалните аспекти: правата на работниците, социјалниот дијалог, еднаквоста, условите за работа и спречувањето дискриминација. Директивата ја истакнува улогата на социјалните партнери во процесот на известување, од избор на теми и оценка на содржината на извештаите до учество во верификацијата на податоците. Тоа отвора можности синдикатите и работодавачите заедно да развиваат одговорни социјални стратегии во компаниите.