КСС со ново барање до пратениците

Почитувани пратеници,

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како и многу пати претходно немајќи доверба во институциите но и во Владата на Република Македонија од причини што не наидовме на рабирање во изминатите години за потребата на почитувањето на Законот за минимална плата се обраќаше до Вас како законодавен дом и највисока инстанца на одлучување со цел да се исправат неправдите кон работникот. За жал во изминатиот период нашето барање за Ваша поддршка беше препознаено само од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ со која остваривме средба и прифатија да го поднесат амандманот со кој ќе се помогнат работниците од приватниот сектор за соодветна парична помош за вработените кои што земаат плата од 18.000 до 21.000 денари да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари. Затоа се обраќаме повторно до Вас како пратеници да дадете целосна поддршка на нашиот предлог амандман и Ве повикуваме уште во Комсиијата за финасирање и буџет овој амандман да биде прифатен. Нашата цел е да помогнеме на сите обесправени и осиромашени работници со оваа парична помош да можат да ги преживеат сите овие тешки времиња во кои што живееме и кои што следат.

Прилог амандман: