1. Home
  2. Новости

Новости

СУТ дава потполна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија – СУТ дава целосна и недвосмислена поддршка на генералниот штрајк на СОНК. Штрајкот е легитимно синдикално средство коешто секој синдикат има право да го искористи доколку има потреба за тоа. Нашите колеги од СОНК и нивното членство се крајно револтирани од немањето на слух од страна на државата, […]

САДУ со поддршка на штрајкот на СОНК – „И вработените во училиштата и градинките се родители чиишто семејства треба да имаат пристоен живот“

Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија – САДУ безрезервно го поддржува генералниот штрајк на братскиот синдикат СОНК. Вработените во основното, средното образование и детските градинки се една од најважните алки во нашата државата, бидејќи нивна задача е да ги образуваат и воспитуваат нашите деца најдобро што може. Сепак, непочитувањето и неисполнувањето на правата […]

ССКО дава безрезервна поддршка на штрајкот на СОНК

Синдикатот на станбено – деловните, комунални, локално – самоуправни, водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузни организации на Р.М. безрезервно го поддржува најавениот генерален штрајк на братскиот синдикат СОНК. Вработените во основното, средното училиште и градинките ги заслужуваат правата коишто им следуваат согласно законите и Колективните договори, па оттаму Владата е обврзана да им ги овозможи. […]

НСО дава целосна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

Независниот синдикат на одбраната дава целосна поддршка на штрајкот на СОНК кој ќе започне на 11 април. Како синдикат од јавниот сектор сметаме дека според законите во државата секој вработен од овој сектор заслужува унапредување на неговите работнички права. СОНК којшто ги претставува вработените во градинките, основното и средното образование, веќе четири години бара усогласување […]

КСС излезе на предупредувачки јавен протест

На ден 30.03.2022 год. (среда) Конфедерацијата на слободни синдикати излезе на предупредувачки јавен протест заедно со повеќето од гранските синдикати при КСС од јавниот сектор. Подолго време, речиси 4 години, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара да се пристапи кон почитување на законите и да се усогласат платите во согласност со покачувањето на минималната […]

Потполна поддршка од УНАСМ на протестот на КСС

Уште еден од националните синдикати во Македонија, Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) даде потполна поддршка на предупредувачкиот протест на дел од синдикатите при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) и УНАСМ ќе земе и активно учество на протестот. Најзначајна е поддршката од синдикатите, односно заедничката заложба за унапредување на правата […]

СОНК со силна поддршка на синдикатите во КСС кои ќе излезат на протест

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија од името на 30.000 членство на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК доби силна поддршка за најавениот предупредувачки протест и активностите што ги преземаат дел од гранските синдикати, здружени во КСС, за подобрување на нивните права од работен однос. ,,Барањата за усогласување на […]

Пoддршка од Синдикатот на клинички центар за протестот на КСС

Синдикатот на Клинички центар, како грански синдикат за здравство при КСС дава целосна поддршка на предупредувачкиот протест на здружените грански синдикати при КСС, кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во среда со почеток во 15 и 30 часот, а е резултат на покачувањето на минималната плата и примената на Законот за минимална плата. Зголемувањето […]

КСОМ со поддршка за престојниот протест на КСС

Органите и телата во рамки на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) донесоа одлука за брзрезервна поддршка и активно учество на протестот кој е во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. КСС длабоко ја цени и почитува подршката од сите сииндикални организации во Македонија, бидејќи докажуваме дека имаме иста зедничка цел, а […]

Поддршка од Гласен текстилец за протестот на КСС

Здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип дава поддршка на протестот кој го организираат дел од гранските синдикати при КСС кој ќе се одржи во среда на 30.03.2022. Од Здружението Гласен текстилец добивме поддршка за нашите идни активности како и нивно присуство на претстојниот предупредувачки протест. КСС ја цени секоја заложба на […]