1. Home
  2. Новости
  3. Поддршка од синдикатот на Клинички центар на штрајкот на СОНК

Поддршка од синдикатот на Клинички центар на штрајкот на СОНК

Поддршка од синдикатот на Клинички центар на штрајкот на СОНК
0
262 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот на Клинички центар, дава целосна поддршка на генералниот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), кој ќе се одржи во понеделник на 11.04.2022 година со барања за усогласување на платите во образовниот сектор со минималната плата, односно зголемување на платите во образованието за 18,4%.

Зголемувањето на минималната плата доведува до групирање на платите околу нејзината вредност. За нормално функционирање на скалата на плати и платните категории износот на минималната плата треба да биде усогласен со износот на останатите плати.

Покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати води до нарушување на моделот за организирање на работните места во групи на сложеност и одговорност на работното место, соодветно на степенот на образование и стекнатите вештини.  Овој модел е основниот принцип на кој се базирани колективните договори.

Синдикатот на Клинички центар се надева дека СОНК ќе се избори во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство.