1. Home
  2. Новости

Новости

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС

Конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на седницата одржана на 30.04.2018 година расправаше за актуелните економско социјални состојби во нашата држава и за активностите на КСС и нејзините членки во последните неколку месеци и врз основа на тие согледувања, а во пресрет на прославата на 1ви мај како Ден на трудот, едногласно го […]

Честит Велигден

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, на сите верници од православна вероисповед им посакува среќни Велигденски празници, со желби за мир, хармонија и благосостојба во срцата.

Состанок со претставници на МОТ за безбедност и здравје при работа

На 20 и 21 Март во  посета на Македонија беа двајца експерти на МОТ за безбедност и здравје при работата од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија е запознавање со состојбите во  областа на  безбедноста и здравјето при работа, во рамките на  техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната […]

Реакција на Европската конфедерација на синдикати во јавниот сектор -EPSU

EPSU како социјален партнер на Европската Унија и Европската Комисија, остро реагира на мешањето на Владата на Република Македонија и нејзините претставници во независното синдикално движење и грубиот упад во гранскиот синдикат ССЕРИ, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство  и индустрија на Република Македонија при Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија. EPSU ја повикува Владата на Р. […]

Секцијата на жени при КСС во кампања против родово-базирано насилство врз жените на работното место

Секцијата на жени при КСС даде свој придонес во одбележувањето на овој ден за да се потсетиме кои се права ги уживаме денес, но и дека борбата за рамноправност сеуште трае. Денес во Градскиот трговски центар се подели печатен материјал со кој се осврна внимание на борбата против насилство врз жените на работното место. Денес […]

Секцијата на жени при КСС во донаторска акција

Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод одбележувањето на меѓународниот ден на жената 8ми март изврши донација која се состоеше од средства за секојдневните потреби на децата кои живеат во СОС детското село- Скопје. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски […]

СТОП за родово базирано насилство на работното место

Започнувајќи од 14 Февруари, а во престет на 8ми Март, започната е глобална кампања против родово базирано насилство. Кампањата која ја води Меѓународната конфедерација на синдикати вели “ Stop Gender Based Violence at work! Support an ILO Convention! “ односно стоп за родово базирано насилство. Синдикатите ја повикуваат Меѓународната организација на трудот да донесе  нова […]

Реакција на КСС за молкот од страна на Владата на Република Македонија

Наместо договор со КСС за нашите легитимни барања, иако помина 1 месец од протестот кога бевме повикани од претставници од Владата на РМ., повторно игнорирање, повторно молк кој исто така се преточува и надолу со нефункционирање на социјалниот дијалог и партнерство и на локално ниво што е факт со тоа што ниту еден градоначалник досега […]

КСС информира за неколкумесечното мешање на раководството на АД ЕЛЕМ во синдикалното организирање

Гранскиот синдикат, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство  и индустрија на Република Македонија, кој што е во состав на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, ја информира јавноста за неколкумесечното грубо мешање и упад во синдикалното движење во синдикалните поддружници при АД ЕЛЕМ, како и во самата синдикална организација на АД ЕЛЕМ.  Имено, синдикалната […]