1. Home
  2. Новости

Новости

ПОТПИШАНА НОВАТА ЧЕТИРИГОДИШНА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА

Во прилог е конечната Програма за достоинствена работа (ПДР) 2019-2022 ( на македонски јазик) , која е резултат на консултациите и забелешките од претставниците на Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и здруженијата на работодавачи. Ги отсликува приоритетите на Владата и социјалните партнери и можностите за техничка поддршка на Меѓународната организација на трудот. Програмата ја […]

Протест на КСС во Кичево

Во сабота на ден 23 февруари 2019 се одржа протест на КСС во Кичево кој беше еден во низата најавени протести на КСС. Потсетуваме дека претходно беа одржани протести во Прилеп и во Штип. На овој протест незадоволството го изразија околу 1000 незадоволни граѓани вработени во јавниот сектор. Протестниот марш започна од Железничката станица во […]

Средба со претставник на Европската комисија и претставник на КСС

На ден 22 февруари 2019 година во ЕУ инфо центарот претставникот на КСС, Спасе Николов оствари средба со Армел де Керос, претставник на Европската Комисија, програмски и финансиски менаџер за меѓународни прашања. На средбата беа изнесени прашањата поврзани со синдикалното движење во Република Македонија. Од страна на нашиот претставник беше изнесено следното: Синдикатите и синдикалното организирање […]

Повик за изразување интерес за обезбедување услуги за превод и толкување

Отпочнува проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ). Општата цел на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање на повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку подобрување на институциите и законодавството, како и со активности за зајакнување на […]

КСС протестираше во Штип

Конфедерацијата на слободни синдикати одржа голем социјален протест во саботата на ден 26.01.2019 гоодина во Штип.  Протестниот марш започна на плоштадот „Слобода“ во Штип. Како главни барања на протестот беа покачување на платите во јавниот сектор согласно процентот на покачување на минималната плата (со тоа што исплатата би започнала од јануари оваа година), исплата на […]

Меѓународната организација на трудот одбележува 100 години постоење

Оваа година 2019 та е јубилејна година за Меѓународната организација на трудот. Оваа година одбележува 100 години од основањето, односно 100 години исполнување на својата мисија. МОТ е основана  во 1919 година како дел од Версајскиот мировен договор, со кој е завршена Првата светска војна.  За своето функционирање МОТ ги здружува владите, работниците и работодавачите за […]

КСС ПРОТЕСТИРАШЕ ВО ПРИЛЕП

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија реши да го радикализира своето делување за постигнување на своите барања со кои сака да го подигне социјалниот статус на своите членови и вработени во јавниот сектор. КСС своите барања ги достави до Владата на Република Македонија и до соодветните министерства уште во јануари оваа година кога беше организиран […]

Одржан 4-тиот Конгрес на ITUC

Конфедерацијата на слободни синдикати зема учество на Четвртиот светски конгрес на Меѓународната конфедерацијата на синдикати каде КСС е полноправна членка. Конгресот се одржа во периодот од 2-7 декември 2018 година, во Копенхаген, Данска. Повеќе од 1.200 учесници учествуваа во петдневната дебата со цел да ги креираат политиките и приоритетите за меѓународното синдикално движење во наредните четири […]

Декларација за четврта индустриска револуција-резултат од 8 Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествуваше на меѓународната конференција  и  осмиот Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска кои се одржаа од 22-24. овој месец во Опатија, Хрватска. Присутните, односно претставниците на синдикатите од регионот заклучија дека безразлика на степенот на развиеност на одделна земја, регионот се сооќува со исти проблеми и тоа: […]

Втора синдикална школа на КСС на тема: Закон за работни односи и неговите измени и дополнувања

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  организираше синдикална школа која започна вчера (15.11.2018), а ќе трае до утре (17.11.2018) во хотел Бисер- Струга. Темата која се обработува на школата е многу важна и актуелна во последниот период , а се однесува на новиот Закон за работни односи и неговите измени и дополнувања. Целта е да […]