1. Home
  2. Новости

Новости

СТВ: Поддршка за протестот на КСС за да престане прекршувањето на законите, колективните договори и меѓународните конвенции

Синдикатот за транспорт и врски дава целосна поддршка и се приклучува кон протестот на КСС закажан за во четврток. Борбата за унапредување на работничките права станува се потешка и посурова, а  за тоа се доказ отказите на синдикалните лидери во јавниот сектор, меѓу кои е и Претседателот на СТВ, поради синдикално делување и организирање. Бројните […]

Безрезервна поддршка од Пензионерскиот синдикат, бидејќи сите заслужуваат почитување на работничките права

Пензионерскиот синдикат на Македонија  дава безрезервна поддршка, се приклучува на протестот на КСС и ги повикува  своите членови во знак на солидарност да се приклучат на протестот кој ќе се одржи во четврток- 15.04.2021 год. Членовите на КСС заслужуваат почитување на нивните работнички права и нивното достоинство, како и признавање на репрезентативноста и запишување на […]

Се приклучуваме на нашите синдикални соборци- поддршка за протестот од Синдикатот на угостителство и туризам

Синдикатот за угостителство и туризам  дава  целосна поддршка и се приклучува кон протестот кој КСС го најави за 15-ти Април (четврток). Како најтаргетирани во моменталнава  состојбата со пандемијата, заради лошите политики на Владата кон туристичко – угостителскиот сектор многу лица останаа без работа меѓу кои  Претседателот на синдикатот и членови на Извршниот одбор на синдикатот. […]

Најава на предупредувачки протест на КСС

Денес на 09.04.2021г. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес-конференција каде што го најави протестот кој ќе се оддржи на 15.04.2021 пред Владата на Македонија. Претседателот на КСС, Благоја Ралповски повторно истакна дека состојбата во која се наоѓаат работниците не е поволна и повторно го нагласи несогласувањето на КСС за неприменувањето на законите од […]

Барањето на КСС за повисока минимална плата не е прифатено од Владата и работодавачите

На ден 01.04.2021 година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес-конференција на која беа истакнати ставовите по точките кои беа на деневен ред на седницата на Економско-социјалниот совет, а се од трудовата област. Претседателот Благоја Ралповски ги истакна следните ставови на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. По однос на првата точка усогласувањето на […]

Заразата со САРС-КоВ-2 на работно место е повреда на работно место – затоа КСС бара исплата на 100% плата

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) веќе цела година бара работниците кои ќе се заразат со САРС-КоВ-2 вирусот на работно место, како и на оние работници кои се спречени да работат поради изолација, да им се исплаќа 100 % плата како повреда при работа, бидејќи согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско […]

МОТ: Водечките светски експерти бараат заштитата на здравјето и безбедноста при работа да биде темелно право

Синдикатите повикуваат на Конференцијата на МОТ, која ќе се оддржи во јуни 2021 година, да се подигне безбедноста и здравјето при работа до највисоките меѓународни стандарди за труд, да се зголеми одговорноста на владите и работодавачите и повеќе земји да ги ратификуваат клучните конвенции за безбедност и здравје при работа. Со ова би се исполниле […]

КСС и ССМ на заедничка средба дискутираа за работничките права

На ден 23.03.2021 година се одржа заедничка средба помеѓу претставници од КСС и претставници од ССМ. На средбата Претседателот на КСС, Благоја Ралповски и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски разговараа за актуелните состојби  и тековните проблеми со кои се соочуваат работниците, како и за поребата од зголемување на активноста на Државниот инспекторат за труд. На […]

КСС бара 100% исплата на плата на сите работници поради заболување со САРС-КоВ-2 или изолација

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е загрижена за здравствената состојба на работниците во Македонија и негрижата на надлежните институции за работничките права, па затоа од морална и етичка законска обврска го испраќа оваа соопштение до јавноста, за да побара децидно спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа. Во изминатата година, многу […]

КСС одржа прес – конференција на која го искажа ставот околу усогласувањето на минималната плата

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на 19.03.2021 година одржа прес-конференција на која го искажа ставот околу усогласувањето на минималната плата, но и  укажа на функционирањето на Економско-социјалниот совет и функционирањето на социјалниот дијалог и социјалното партнерство. Најпрво, Претседателот Благоја Ралповски истакна дека ќе укаже зошто се држи репрезентативноста на КСС во фиока веќе две […]