1. Home
  2. Новости
  3. КСС и ССМ на заедничка средба дискутираа за работничките права

КСС и ССМ на заедничка средба дискутираа за работничките права

КСС и ССМ на заедничка средба дискутираа за работничките права
0
180 ПРЕГЛЕДИ

На ден 23.03.2021 година се одржа заедничка средба помеѓу претставници од КСС и претставници од ССМ. На средбата Претседателот на КСС, Благоја Ралповски и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски разговараа за актуелните состојби  и тековните проблеми со кои се соочуваат работниците, како и за поребата од зголемување на активноста на Државниот инспекторат за труд.

На средбата беше истакната потребата од заедничко дејствување на двата најголеми синдикати во Македонија, ССМ и КСС се со цел поголемо унапредување на правата на работниците.

Присутните на средбата заеднички се согласија дека и двата синдиката остануваат на своите укажувања и барања по однос на усогласувањето на минималната плата согласно Законот за минимална плата, која треба да биде усогласена во месец март. И двете синдикални организации бараат доследна примена на членовите 2,4 и 8 од Законот за минимална плата, кои од страна на синдикатите се детектирани за проблематични при нивната примена и не се почитуваат ниту во приватниот, ниту во јавниот сектор.

Исто така и двете синдикални организација бараат покачување на минималната плата, наместо нејзино усогласување преку зедничка волја од сите социјални партнери.

Во однос на подготовката на Законот за работни односи заедничкиот настап на КСС и ССМ е исклучително важен бидејќи ставовите за поголемиот дел од прашањата се исти и се во насока исклучиво за подобрување на правата на работниците.