Синдикатот за транспорт и врски со учество ќе го поддржи протестот на СПМ
Синдикатот за транспорт и врски дава своја поддршка за протестот на Синдикатот на полицијата на Македонија и истата ја искажува со својот допис во кој вели:
Со поддршка и земање учество во најавениот Протест, Ве поддржуваме во замислата Полицијата да биде непартизирана и неполитизирана институција во која ќе владее професионализмот. Институција во која вработените ќе можат непречено да си ги остваруваат своите права, ќе бидат ценети од работотдавачот, ќе добиваат достоинствени плати за достоинствен живот. Институција во која Синдикатот на полицијата ( СПМ ) ќе биде признаен како Синдикат, а Синдикалните претставници нема да бидат под притисок.
Сите заедно ќе се излеземе на утрешниот Протест , ќе Ве поддржиме во Вашата борба за достоинство и професионализмот во полицијата.
Поврзани новости:
- Синдикатот на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија дава поддршка за протестот и изразува солидарност во борбата на СПМ
- 25 Ноември – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ
- Протест на Синдикат на полицијата во Македонија- 08.05.2021
- КСС се спротивставува на изјавата на Премиерот за корупцијата во јавниот сектор