1. Home
  2. Uncategorized
  3. Обука за социјален дијалог со претставници на синдикати

Обука за социјален дијалог со претставници на синдикати

Обука за социјален дијалог со претставници на синдикати
0
228 ПРЕГЛЕДИ

Денес во Тетово започна дводневна  обука за социјален дијалог за претставниците на синдикатите.

Со организирањето на оваа обука се влијае на зголемување на свеста за функционирањето и делувањето на синдикатите и колку тоа е важно за подобрување на работничките права и подобрување на работните места.

Предавачите зборуваа за тоа што е социјален дијалог, кои се придобивките и предизвиците за синдикатот.

Свои предавања имаа и Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски и Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК,  Јаким Неделков кои дадоа осврт на поголем дел од функционирањето на синдикатите со оглед на големото искуство кое го имаат, стратегиите за зајакнување на социјалниот дијалог, ефикасност на истиот, а најмногу се обрна внимание на конкретните состојби со социјалниот дијалог, карактеристиките и што прават синдикатите на тоа поле.

Обуката беше реализирана во рамките на проектот “Промоција и зајакнување на социјален дијалог“, кој се имплементира од страна на Здружение Мултикултура- Тетово, а финансиски поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада.

Главна цел на овој проект е да се подобри квалитетот на социјалниот дијалог во Македонија, како и да се подобри интеракцијата на засегнатите страни и социјални партнери.