Одржана работна средба на КСС со министерот за правда

Денес во просториите на министерството за правда се одржа работна средба помеѓу раководството на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и министерот за правда, г-дин Бојан Маричиќ.
На средбата беа изнесени и дискутирани сите моментални проблеми со кои се соочува синдикатот односно сите грански синдикати при КСС, а се во доменот на работа на министерството за правда.
Средбата беше одржана во позитивна атмосфера и конструктивност од страната на министерот Маричиќ кој кажа дека со своето работење ќе се обиде да се решат сите проблеми во функционирањето, имајќи предвид дека тоа е во корист на двете страни.
Поврзани новости:
- Синдикатот на енергетика, рударство и индустрија на Македонија ги поддржува заложбите на Синдикатот на полицијата во Македонија
- 25 Ноември – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ
- Протест на Синдикат на полицијата во Македонија- 08.05.2021
- КСС се спротивставува на изјавата на Премиерот за корупцијата во јавниот сектор