Отпочната кампања “Пристојна плата за пристоен живот “

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денес ја презентирање новата кампања која ја започнува како резултат на подолгото незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог и уништувањето на економско социјалниот совет што се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани.

КСС денес како и многу пати во изминатава година јавно го искажува своето незадоволство од нефункционирањето на социјалниот дијалог.

Имено во последната година прво се соочивме со уништување на економско социјалниот совет, па сега истото  се пресликува и со нефункционирање на локалните економско социјални совети секаде каде се формирани.

slika 1

Како синдикат чија основна дејност и цел е заштита и унапредување на работничките права, особено сме загрижени за притисокот со кој се соочуваат нашите членови и тоа притисоци за зачленување или отчленување во било кој синдикат, закани со изрекување на казнени мерки доколку не се постапува според наредби и желби на одредени моќници, деградирање, манипулирање, заплашување, психичко вознемирување -мобинг,  упад во синдикалните организации и преземање на истите со закани и моќ, противправно стопирање на членарината на некои наши правни субјекти, одземање на документација на синдикални организации од страна на директори поставени од Владата на Република Македонија, па се до најгруби примери на давање откази на носители на најодговорните позиции во неколку од гранските синдикати и синдикални организации, вклучително и отказот на Претседателот на КСС од неговото работното место како државен службеник, со цел праќање порака до членството за нивната моќ за напуштање или уништување на нашиот синдикат и избегнување на обврските кои произлегуваат од законите на Република Македонија.

По тој повод КСС започнува кампања која ќе трае подолг временски период се до конечен договор за прифаќање на нашите барања.

slika prva

Кампањата за поголеми плати во јавниот сектор “Пристојна плата за пристоен живот” ќе се одвива секојдневно, дел преку социјалните мрежи, дел со  посети и собири во повеќе градови во Република Македонија, секаде каде членството ќе побара и секаде каде ќе има потреба, дел преку конференции каде  КСС и неговите грански синдикати ќе ги искажат своите видувања, своите барања,  притисоците  и игнорирањата од страна на државните органи што секако како одиме понатаму нашето делување ќе почне и да се радикализира.

Органите на КСС преку секојдневно следење на состојбите на дневна основа ќе се координираат, заседаат и ќе се преземаат мерки конечно да се решат нашите проблеми кои се наталожени по повеќе години.

КСС јасно и  јавно го кажува својот став:

– Стоп за потценување и игнорирање на јавниот сектор кој веќе станува социјална категорија

-Стоп за нарачани анкети и понижување на јавниот сектор и етикетирање како неработници

-Стоп за дискриминацијата и политичкиот притисок во јавниот сектор

-Стоп за отпуштања од позиција на моќ и вработување на други лица преку ноќ

За наведеното да се постигне потребна е политичка волја, наместо отпуштања, заплашувања, притисоци, непочитување на колективните договори и Законите во Република Македонија.

Не можеме да се сложиме поради популистички мерки да се субвенционира приватниот сектор за зголемување на платите од Буџетот на РМ, а со истиот да се игнорира јавниот сектор каде што ние сме директни корисници на Буџетот.

Јавниот сектор согласно најавите од следната година за покачување на социјалната помош ќе биде изедначен со примателите на социјална помош и затоа велиме ДОСТА Е поигрување и потценување и ВРЕМЕ Е да се слушне нашиот глас и да се остварат и нашите права.

Ја повикуваме Владата сериозно да ги слушне нашите барања и конечно вистински да седнеме и да ги решиме нашите барања, а не како досега со манипулирање, купување време и игнорирање. Бараме сериозен пристап да се врати социјалниот дијалог и партнерство во РМ зошто само така е можно да функционира една демократија во вистинска смисла на зборот.

 

Сподели на социјални медиуми

Оставете коментар

Copyright kss.mk