1. Home
  2. Новости
  3. Одржана обука: Реформи во јавниот сектор и борба против корупцијата како директен фактор кој влијае на платите

Одржана обука: Реформи во јавниот сектор и борба против корупцијата како директен фактор кој влијае на платите

Одржана обука: Реформи во јавниот сектор и борба против корупцијата како директен фактор кој влијае на платите
0
58 ПРЕГЛЕДИ

Од 24- 25 септември 2024 година во Охрид се одржа обука на тема: Реформи во јавниот сектор и борба против корупцијата како директен фактор кој влијае на платите. На обуката присуствуваа синдикални претставници од различни сектори од јавниот сектор. Целта на обуката беше насочена кон отварање на темата за широко распространетите прашања на корупцијата и непотизмот во јавниот сектор, со фокус на нивното влијание врз платите и реформите во јавниот сектор.

На обуката се дискутираше за утврдување и оценување на клучните области на корупција во јавниот сектор, каде што учесниците разговараа за секторите кои се најмногу погодени. Се дискутираше за големото влијание кое го има корупцијата врз платите и реформите во јавниот сектор.
Учесниците се согласија дека сите релевантни чинители треба да придонесуваат кон сузбивањето на корупцијата која има негативни економски и општествени ефекти и дека е потребно да се  развие една стратегија за тоа како да се дејствува во борбата против корупцијата. Исто така учесниците со согласија дека и синдикатот со своето делување може да придонесе за подигнување на свеста за негативното влијание на корупцијата врз платите и врз реформите во јавниот сектор .

Обуката се одржа со поддршка од ITUC/PERC – Пан-европскиот регионален совет при Меѓународната конфедерација на синдикати и Шведските синдикати Union to Union.