Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС им го честита 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, на сите мајки и жени, на сите наши членови на синдикатот кои безусловно вложуваат напори за унапредување и зачувување на работничките права, материјално – социјалната положба, рамноправност, еднаков третман на пазарот на трудот, искоренување на дискриминацијата и заштита од мобинг.
Поминаа две години откако КОВИД-19 беше прогласен за глобална пандемија, со разорни последици по животот и егзистенцијата на луѓето. Пандемијата и ограничувањата уште повеќе ги изложија постојните социјални, економски, полови, етнички и здравствени нееднаквости кои уште побрзо се влошуваат. Сведоци сме на невидена загуба на работни места и приходи, приближно четири пати поголема од глобалната финансиска криза во 2009 година.
Иако ова е криза која не засега сите нас, нé сите се погодени на ист начин.
Невработените жени, вклучително и домашните работници и жените со попреченост беа уште потешко погодени. Најновите податоци покажуваат, во споредба со 2019 година, во 2021 година има 13 милиони жени помалку вработени.
Синдикалното движење ќе ја продолжи својата борба, за да се постигнат попристојни работни места за жените.
Денес во свет на еднаквости, не треба да постои поделба на работите на машки или женски, секој може сé да работи ако за тоа има квалификации. Трудот треба да биде вреднуван согласно квалификациите и работната позиција, а не на основа на полот на работникот.
Кризата во јавниот сектор настана години претходно со претходните покачувања и со непочитувањето на Законот и колективните договори од страна на власта.
Многу пати во изминатите години го изразувавме својот револт низ протести и со јавно повикување на Владата за почитување на Законот и колективните договори, да покажат дека го почитуваат работникот и трудот, затоа што државата треба да работи за работниците.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија работи и ќе продолжи да работи на зајакнување на правата на жените и надминување на сите нееднаквости и ќе го почитува нивниот глас и заложба за еднаковст, да бидат значаен фактор во општеството за градење на доверба и унапредување на демократските процеси.