ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА БЕЗ АЖУРИРАНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО СОГЛАСНО НОВАТА БИОЛОШКА ШТЕТНОСТ ОД САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија КСС е загрижена поради новонастанатата ситуација и новата реалност во која работниците кои беа ослободени од работа, согласно уредбите на Владата, сега се враќаат на работа. Особено важно е да се напомене дека надлежните го прескокнуваат Законот за безбедност и здравје при работа и сите ги втурнуваат во голем ризик […]