1. Home
  2. Новости
  3. Одржана национална работилница за корпоративно општествено известување во Македонија

Одржана национална работилница за корпоративно општествено известување во Македонија

Одржана национална работилница за корпоративно општествено известување во Македонија
0
18 ПРЕГЛЕДИ

Во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), на 06.05.2026 година се одржа национална работилница посветена на претстојните обврски и можности кои произлегуваат од Директивата за корпоративно известување за одржливост (CSRD) и ESG стандардите.

На работилницата учествуваа претставници од различни институции, а главната цел беше постепено запознавање на социјалните партнери со европските стандарди за одржливост, како и отворање на  дискусија за националната подготвеност, правното усогласување со ЕУ и новата улога на синдикатите во процесите на донесување одлуки. Целта е ESG известувањето да не остане само техничка обврска за компаниите, туку алатка за реален социјален дијалог.

На работилницата беа детектирани предизвиците за транспoзиција на европската регулатива во македонското законодавство во процесот на ЕУ интеграцијата. Се спомена и терминот двојна материјалност, за тоа како компаниите влијаат врз општеството, работниците и животната средина, што претставува премин од филантропија кон формална законска обврска.

Исто така се разговараше и за јазот меѓу меѓународните и домашните компании, се споменаа и добри практики во земјата, наспроти потребата од поголема формализација на известувањето кај домашните фирми, а исто така се даде осврт за тоа како се реализира и имплеметира директивата во земјите како Италија, Полска и Бугарија.

   

Овој настан се одржа во рамки на проектотЕвропски стандарди за социјално известување како нова алатка за зајакнување на социјалниот дијалог во компаниите при спроведувањето на Директивата за известување за корпоративна одржливост (CSRD) и известување за еколошките, општествените аспекти и аспектите на управувањето (ESG)” кофинансиран од Европската Унија.