1. Home
  2. Новости
  3. Поддршка на ГСНВО за протестот на гранските синдикати при КСС

Поддршка на ГСНВО за протестот на гранските синдикати при КСС

Поддршка на ГСНВО за протестот на гранските синдикати при КСС
0
262 ПРЕГЛЕДИ

Независниот синдикат на Граѓански непрофитни организации дава целосна и безрезервна
поддршка на дел од братските синдикати при Конфедерација на слободни синдикати на
Македонија за протест којшто ќе се одржи на 30 март.
Законите од трудовата сфера предвидуваат права, а тие права им следуваат на вработените
во јавната администрација и истите треба да им се овозможат.
Ние како Конфедерација го поддржавме зголемувањето на минималната плата, но сега
бараме истата да се усогласи со останатите плати.
Нашите братски синдикати долго време се борат за да се усогласат платите на вработените
со растот на минималната плата, и иако решението е едноставно – да се зголеми бодот на
вработените, Владата истото не сака да го земе во предвид.
Застануваме рамо до рамо со нашите братски синдикати и им порачуваме да бидат
истрајни во борбата за остварување на работничките права.