1. Home
  2. Новости
  3. Одржан семинар на тема Безбедност и здравје при работа

Одржан семинар на тема Безбедност и здравје при работа

Одржан семинар на тема Безбедност и здравје при работа
0
236 ПРЕГЛЕДИ

Беше одржан дводневен семинар во периодот од 19-20 ноември 2021г. на тема Безбедност и здравје при работа. Целта на семинарот беше присутните да се запознаат со темите од безбедност и здравје при работа како и да се дентификуваат постојните стојалишта на претставниците на вработените
за безбедност и здравје при работа во однос на законски предвидената улога следбено
на Законот за безбедност и здравје при работа. Беше презентирана анализата со директни насоки за унапредување на капацитетите и вештините на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа.

Исто така беа усвоени и значителни предлози за унапредување на едукативниот систем кој го нуди синдикатот за синдикалните претставници. Беа дискутирани и препораките од страна на учесниците за унапредување на едукативниот процес кој ќе обезбеди континуирана едукација преку сертифицирање на обуките, организирање на едукација преку систем на класификација на усвоените знаења (основно, напредно и експертско) како и основање соодветен регистар. За да се утврди улогата на претставникот, во целокупниот опус на работите кои ги извршува првенствено како вработен, а понатаму и како делегиран претставник се фокусиравме кон  овозможување на конкретни чекори кои се потребни да се преземат за оваа промена да се случи.

Исто така се донесе заклучок дека е  потребна појасно и поблиско објаснување на проблематиката за создавање на превентивна култура на работните места, но и од друга страна јасно и недвосмислено
беше посочена и потребата за повеќе проверени и веродостојни информации од областа
на работните односи, синдикалното движење, техники на индивидуален развој.

Семинарот се одржа во рамки на проектот Акции и кампањи на синдикатите за побезбедни работни места – Стоп на пандемијата, која е од ИТУК/ПЕРК и Union2Union.