1. Home
  2. Новости
  3. Се приклучуваме на нашите синдикални соборци- поддршка за протестот од Синдикатот на угостителство и туризам

Се приклучуваме на нашите синдикални соборци- поддршка за протестот од Синдикатот на угостителство и туризам

Се приклучуваме на нашите синдикални соборци- поддршка за протестот од Синдикатот на угостителство и туризам
0
321 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот за угостителство и туризам  дава  целосна поддршка и се приклучува кон протестот кој КСС го најави за 15-ти Април (четврток).

Како најтаргетирани во моменталнава  состојбата со пандемијата, заради лошите политики на Владата кон туристичко – угостителскиот сектор многу лица останаа без работа меѓу кои  Претседателот на синдикатот и членови на Извршниот одбор на синдикатот.

Борбата за работничките права отсекогаш била тешка, но во последните четири години таа е сурова, а тоа може да се види од фактот што голем број на работници од овој сектор останаа на маргините на општеството.

Социјалниот дијалог е на многу ниско ниво, особено во приватниот сектор, поради тоа што Владата ги занемари барањата на работниците, но и на работодавачите.

Велат: се приклучуваме на нашите синдикални соборци во борбата за унапредување на работничките права во јавниот сектор, бидејќи и тие како нас во приватниот сектор постојано се соочуваат со прогони на синдикалните лидери, притисоци и деградирања.

Ги повикуваат нивните членови и сите останати угостителско – туристички работници да им се приклучат во протестот во знак на солидарност, затоа што, како што велат, проблемите во кои се наоѓа нивниот сектор се заеднички.