Работна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и социјална политика
На 16.09.2024 Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС присуствуваше на работна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и социјална политика. Како претставник на КСС беше д-р Предраг Серафимоски, Претседател на „Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравстени установи во Република Македонија – ССКЦ“. На средбата се дискутираше за социјалниот дијалог во државата, проблемите и притисоците кои што ги имаат синдикалните лидери во однос на синдикалното организирање. Воедно се дискутирираше и за вмешувањето на политката во потпишувањето на колективните договори, потенцирајќи дека во моментот најзагрозени се секторите образование и здравство. Секако се стави и акцент на борбата на синдикатите за повисоки плати и достоинствена работа на работниците.