1. Home
  2. Новости
  3. Поддршка на НСО за протестот на гранските синдикати при КСС

Поддршка на НСО за протестот на гранските синдикати при КСС

Поддршка на НСО за протестот на гранските синдикати при КСС
0
303 ПРЕГЛЕДИ

Независниот синдикат на одбраната дава целосна и безрезервна поддршка на дел од
гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС
за претстојниот протест.
Вработените во јавната администрација треба да ги добијат правата коишто им следуваат
согласно законите и колективните договори и истите треба да бидат дел од социјалниот
дијалог во државата.
Зголемувањето на минималната плата го поддржавме и како грански синдикат и како
Конфедерација. Сепак со истото не се решија проблемите со усогласувањето на
колективните договори со растот на минималната плата, како што и впрочем Законот за
минимална предвидува.
Порамнувањето на платите единствено може да создаде демотивација кај вработените во
јавната администрација, чиј што дел е и Армијата.
Решението на проблемите со коишто се соочуваат вработените во јавната администрација
е едноставно – зголемување на бодот на вработените од страна на Владата.
Повторно нагласуваме дека им даваме силна поддршка на нашите братски синдикати во
остварувањето на нивните барања кои поради немањето на слух од страна на надлежните,
ќе ги искажат на улиците на 30 март.