
Во рамки на проектот Green Net – Забрзување на зелената транзиција на праведен и општествено одговорен начин – примери од секторите за индустрија, енергетика и транспорт, каде што Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествува како проектен партнер се одржаа три работилници на Европско ниво на кои што присуствуваа повеќе учесници од КСС. Целта на овие работилници е да се зајакнат вештините на социјалните партнери за зелената транзиција.
Првата работилница се одржа од 9 до 10 октомври 2024 година во Краков во Полска на која учествуваа 27 учесници вклучувајќи претставници на работниците, работодавачите и експерти од Малта, Полска, Бугарија, Португалија, Шпанија, Србија, Северна Македонија, Словачка и Латвија. На работилницата се даде осврт на европските климатски цели. Во 2021 година, ЕУ го усвои првиот закон за климата. Тој ги постави целите на Европа да стане климатски неутрална до 2050 година и да ги намали емисиите на јаглероден диоксид 55% под нивото од 1990 година до 2030 година. На работилницата се дискутираше Европскиот зелен договор и неговите клучни претпоставки, концептот на двојна транзиција и улогата на социјалниот дијалог во обезбедувањето праведна транзиција. За време на обуката учесницте се запознаа со концептот на двојната транзиција и концептот на праведна транзиција.
Втората работилница се одржа од 28-29.10.2024, онлајн на учествуваа 33 учесници и експерти. Учесниците ги анализираа европските истражувања за Зелениот договор, мапираа примери на преговори и дискутираа за новите пристапи за акциите кои ги преземаат социјалните партнери. Посебно внимание беше посветено на Декларацијата од Антверп, нагласувајќи ја потребата од „индустриски договор“ за поддршка на европската конкурентност во зелената транзиција. Заклучоците кои бе адонесени на самата работилница беа дека правото на информирање и консултирање на работницте не секаде се применува на задоволителен начин, а синдикатите како социјален партнер секогаш се гледаат како најслабата страна во преговорите и затоа се загрижени за тоа дали транзицијата ќе биде фер и транспарентна. Од страна на учесниците беа посочени неколку примери на преговори за двојната транзиција, пр. за работа од далечина, право на исклучување, за безбедност и здравје при работа во контекст на топлотните бранови), а заклучокот беше дека преговорите сеуште имаат тенденција да се фокусираат на традиционалните теми плати, додатоци на плати, работни услови и сл.).
Третата работилница е продолжение на претходните две работилници и се одржа од 04-05.11.2024 година, на која присуствуваа 26 учесници. Оваа работилница се фокусираше на очекуваните промени во транспортниот сектор до 2050 година и вештините потребни за транзицијата. Беа истражени сценарија за одржлива енергија и циркуларна економија, со анализа на професиите кои се појавуваат и улогата на дигиталниот социјален дијалог. Учесниците ги мапираа вештините што сакаат да ги зајакнат за да бидат подобро подготвени
за преговарање за двојната транзиција, а тоа се: пристап до различни можности за обуки, поголемо знаење за вештачката интелигенција, алгоритмите и автоматизацијата, знаење за идните вештини и професии, јакнење на свеста за двојната транзиција, обуики за меки вештини, зајакнување на вештините на членовите и на синдикалните претставници.
Овие три работилници означуваат важен чекор кон позелена Европа, здружувајќи ги социјалните партнери од цела Европа за да поттикнат конструктивен социјален дијалог.