1. Home
  2. Новости
  3. Неработни денови за сите во април на товар на државата

Неработни денови за сите во април на товар на државата

0
762 ПРЕГЛЕДИ

Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС како наша општествена одговорност во борбата против корона вирусот – Ковид 19 денес испративме предлог  до Владата за прогласување на неработни денови од 04 Април до 20 Април или по предлог на Организацијата на работодавачи на Македонија најмалку две неработни недели во периодот од 04 до 30 Април од причина што годишните одмори, старите неискористени денови од одмор и првиот дел од годишниот одмор за 2020, треба да се искористат заклучно со 31 Мај. Причините за ваков предлог се предвидувањата за пикот на пандемијата  кој треба да се случи кон средината на Април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден 12 Април, Православен Велигден 19 Април, па претпоставките се дека  заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното.

КСС предлага платите за дневници  за сите вработени  во тој период да бидат на товар на Владата додека фирмите што се уште се ликвидни тој товар да го понесат сами во знак на солидарност.

МЗЗПР изработи детален план на заштита во тој период па така во поглед на заштитата доколку се почитуваат и усвојат мерките граѓаните ќе бидат многу повеќе заштитени од ковид 19.

Нашиот предлог е испратен и до многу легитимни здруженија на граѓани, невладини организации, организации на работодавачи и до синдикати од кои несомнено добивме подршка за нашата иницијатива и целосно отвораме фронт на легитимни граѓански здруженија кои во периодот ќе ги контактираме да се произнесат и со нивни идеи за справување со корона вирусот – Ковид 19, како и со економската криза која што е предизвикана од вирусот, многу побрзо сите заедно да и ставиме крај на пандемијата со цел заживување на стопанството, минимум губење на работни места, да имаме што помалку жртви, едноставно да се врати животот во цела држава, а граѓаните да можат слободно да се движат  додека стопанството особено ситните стопанственици, занаетчии, угостители, трговци поединци итн.  да  почнат да остваруваат каков таков профит со што стопанството ќе почне да заздравува.

predlog slika

Исто така ја охрабруваме Владата да апелира до верските заедници во Македонија да упатат повик до верниците празниците да ги поминат во домашна атмосфера со своите семејства.

До овој момент поддршка на платформата дадоа: Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна.

Во знак на солидарност МЗЗПР и КСС Ве повикуваат да се приклучите на предлогот и сите заеднички да изградиме платформа и да си помогнеме да ставиме крај на пандемијата со што целосно ќе можеме да се насочиме кон заздравување на стопанството во нашата држава.

Платформа на синдикати, организации на работодавачи, граѓански организации и асоцијации

План за заштита на здравствени работници

Неработни денови за сите во април на товар на државата

Неработни денови за сите во април на товар на државата
0
0 ПРЕГЛЕДИ