1. Home
  2. Uncategorized
  3. МАЧР ги додели HR наградите за 2020 година

МАЧР ги додели HR наградите за 2020 година

МАЧР ги додели HR наградите за 2020 година
0
423 ПРЕГЛЕДИ

Ве известуваме дека Mакедонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година успешно ги додели HR наградите за 2020 година. Целта на овие награди е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот за управување со човечките ресурси. Доделувањето на HR награди беше спроведено по седми пат и на настанот беа доделени наградите во следниве 3 категории:

  • HR менаџер на годината за 2020: Наградата ја понесе Марија Попова Мајсторова од Адиент Штип
  • Млад HR ентузијаст на годината за 2020: Наградата ја понесе Марија Попризова
  • HR практика на годината за 2020 година: Присутните на настанот ја избраа практиката “Во тимот е силата”, одговорно лице– Ангела Шенгуловска од Охридска банка АД Скопје

Конкурсот за избор и доделување на HR наградите за 2020 година беше објавен на почетокот на Март 2021 година, со можност за доставување на номинации до крајот на месецот. Селекцијата на кандидатите и финалистите за HR наградите за 2020 година беше спроведена од страна на седумчлена комисија, составена од истакнати HR професионалци, како и добитниците на минатогодишните HR награди во истите категории. Процесот на избор помеѓу пријавените кандидати за наградите HR менаџер и млад HR ентузијаст се одвиваше преку оценување, евалуација и интервју на пријавените кандидати. Изборот за најдобра HR практика се одржа во текот на настанот на доделување на наградите, каде што сите присутни имаа можност да гласаат за една од практиките кои беа избрани како финалисти од страна на комисијата.

Во рамките на настанот, долгогодишните соработници и поддржувачи на МАЧР, Vrabotuvanje.com доделија своја награда. „Најпосетуван огласувач“ на страницата за 2020/2021 година, која им припадна на ДУРА Аутомотив, со 97.132 посети. Наградата jа додели Дарко Велков, сопственикот на Vrabotuvanje.com.mk, а ја прими Олгица Божиновска Темелковска, HR специјалист во ДУРА Аутомотив.

Настанот за доделување на наградите беше одржан на Меѓународниот HR-ден, 20 мај, во онлајн формат. Оваа година, настанот за доделување на HR награди беше дел од програмата на настани на асоцијации, кои се членки на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе (EAPM), во насока на одбележување на Меѓународниот HR-ден.

На 3 јуни, во согласност со КОВИД-19 протоколите, МАЧР организираше мини настан во живо за врачување на наградите на добитниците. Наградите на добитниците  за HR менаџер на годината – Марија Попова Мајсторова, Млад HR ентузијаст – Марија Попризова и HR практика на годината – Ангела Шенгуловска (одговорно лице) им ги додели Претседателот на МАЧР, Дарко Петровски.

На сите добитници на наградите би сакале да им ги честитаме наградите и да им посакаме многу понатамошни успеси во доменот на нивната работа.