1. Home
  2. Новости
  3. КСС учествуваше на PERC Школата за жени

КСС учествуваше на PERC Школата за жени

КСС учествуваше на PERC Школата за жени
0
202 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) учествуваше на PERC Школата за жени, која се одржа на 25–26 септември 2025 година во Будимпешта, Унгарија, во соработка со LIGA и ILO-ACTRAV.

Главната тема на оваа годинашна школа беше изградба на силна економија на грижа преку соодветни јавни инвестиции во услугите за грижа и усвојување на семејно прилагодени политики, со цел ефикасно учество на жените на пазарот на труд, како и промоција на поправедна распределба на неплатената грижа.

Посебен акцент беше ставен на тоа дека работните места во секторот на грижата мора да бидат достоинствени, со безбедни услови за работа, соодветна заработка, еднаква плата за еднаква вредност на трудот и социјална заштита.

       

Во рамки на агендата, беа разгледани и клучни прашања како што се:

  • Политичките приоритети на синдикатите за економијата на грижа на глобално ниво за 2025–2026 година, со фокус на барањата на синдикатите поврзани со работниците во секторот на грижата, работниците со семејни одговорности и развојот на национални системи за грижа
  • Резолуцијата на МОТ за пристојна работа и економија на грижа, усвоена во 2024 година

Со своето учество, КСС ја потврди својата заложба за унапредување на работничките права, еднаквоста на жените и градењето на одржливи политики за грижа.