1. Home
  2. Новости
  3. “КСС со подршка за генералниот штрајк на СОНК и повик до родителите за солидарност кон просветните работници “

“КСС со подршка за генералниот штрајк на СОНК и повик до родителите за солидарност кон просветните работници “

“КСС со подршка за генералниот штрајк на СОНК и повик до родителите за солидарност кон просветните работници “
0
119 ПРЕГЛЕДИ

Почитувани медиуми,
КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и
незадоволството од платите.
Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни
синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а
последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при
КСС.
КСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го
поддржува генералниот штрајк на СОНК.
КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста
предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство,
праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со
законот и колективните договори.
Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат
работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема
да имаме никаков прогрес во образовaнието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со
серизоен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува
нашите деца.
Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите
родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат
за статусот кој го заслучуваат.
Браќа и сестри, членови на СОНК,
КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки
моменти за Вашата професија.
Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште
постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван
просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да
го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на
вашата професија.