Во текот на вчерашниот ден по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април, се одржи акција на посадување дрвца кај паркот во Лисиче организирана од страна на Македонското здружение за заштита при работа.
КСС и оваа година се приклучи на оваа акција и со свои членови помогна во засадување на 25 дрвца колку што согласно Извештајот за несреќи на МЗЗПР се избројани смртни случаи на работното место за 2020 година.
Пред засадувањето беше оддадена почит со едно минутен молк за загинатите.
Поврзани новости:
- Националната кампања „365 работнички права за младите!“
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор