КСС одржа прес – конференција на која го искажа ставот околу усогласувањето на минималната плата
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на 19.03.2021 година одржа прес-конференција на која го искажа ставот околу усогласувањето на минималната плата, но и укажа на функционирањето на Економско-социјалниот совет и функционирањето на социјалниот дијалог и социјалното партнерство.
Најпрво, Претседателот Благоја Ралповски истакна дека ќе укаже зошто се држи репрезентативноста на КСС во фиока веќе две години, зошто се врши политички притисок вр синдикалните лидери и зошто Конфедерацијата на слободни синдикати е под постојан притисок на оваа власт.
Понатаму, Претседателот изјави дека во текот на вчерашниот ден е одржана седница на ЕСС, на која учествуваше и КСС, на која се разговараше за усогласувањето на минималната плата што се врши секоја година во март, согласно законот за минимална плата по трите параметри пораст на индексот на трошоците за живот, пораст на просечната плата, пораст на реалниот бруто домашен производ. Претседателот истакна дека од страна на КСС беше побарано од функционерите оваа година да не се земе во предвид третиот параметар БДП, со оглед на состојбата во која беше државата со Ковид -19 и државата да покаже солидарност кон работниците за да може минималната плата да биде на некое ниво каде работниците ќе имаат пари барем за основни средства, но ова барање беше одбиено со образложение дека ќе го почитуваат законот за минимална плата, на што КСС укажа дека цели 4 години не се почитува членот 8 од Законот на минимална плата, односно Колективните договори не се усогласени 4 години согласно законот за минимална плата, а законската обврска предвидува да се усогласат во рок од 6 месеци од донесувањето на законот.
Претседателот исто така нагласи и укажа на арогантното и дрско однесување од страна на Министерката Шахпаска која им го одзема гласот и ги исклучи од онлајн седницата претставниците од КСС, и истакна дека тое е причината што КСС се држи надвор од ЕСС, затоа се бараат подобни социјални партнери кои што ова ќе го проголтаат.
Во изминатиот период каде што работодавачите поради состојбата со пандемијата земаат помош за исплата на минимална плата, а неја исплаќаат платата, или исплаќаат помал износ од минималната плата, исплаќаат 1 или 2 денари плата, полесно е да ги платат глобите отколку да ги дадат парите на работниците. и повика на трудовиот инспекторат кој молчи и не реагира.
Во КСС поголемиот дел од членовите се во јавниот сектор, а речиси половина од вработените во јавниот сектор се со средно образование и повеќе работни позиции се изедначуваат помлад референт, референт, виш референт со помошнотехничкиот персонал и примаат иста плата.
КСС потенцираше дека минималната плата треба да се усогласи со колективните договори. Побара и средба со надлежните органи. Во случај да не се оствари средбата, КСС се подготвени да преземат и радикални синдикални мерки.
КСС бара минималната плата да се зголеми над 16,000 денари.