
Денес се одржа настан со цел вмрежување на Локалните Економско-социјални совети во Македонија со цел согледување на состојбите и дијагностика на локалните пазари на трудот.
На настанот беше направена презентација за дијагностика на локалните пазари на трудот од страна на Благица Петрески од Фајнанс Тинк, а присутни беа членови од сите локални економско социјални совети.
Се презентираше и веб страната која е веќе во функција less.mk на која од сега па натаму може да се поставуваат информации за сите настани и активности за секој ЛЕСС.
Настанот беше организиран во склоп на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, а фасилитатор беше Даниела Ѕампини од Меѓународната организација на трудот.