1. Home
  2. Галерија

Галерија

Работилница на КСС „Постапка за права од работен однос“

Се одржа работилница на која беа разработени повеќе теми од областа на Законот за работните односи, Законот за административни службеници а особено се разработуваше дисциплинската одговорност на административниот службеник. Обуката ја водеше адвокат Спасе Николов кој несебично го пренесе знаењето како и искуството со водење на работни спорови и делување во делот на дисциплински постапки […]

Работилница на КСС ,,Организaциска поставеност, цели и улога на синдикатите”

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во рамки на проектот ,,Бесплатна правна помош за сите членови,, организираше работилница насловена како ,,Организaциска поставеност, цели и улога на синдикатите” на која беа претставени повеќе аспекти околу функционирањето на синдикатите, а целта на работилницата беше запознавање на учесниците одблизу со делувањето на синдикатите. Беа истакнати целите на […]

Се одржа третата синдикална школа во организација на КСС

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, вчера ја одржа третата синдикална школа на тема „ Улогата на синдикатот и значењето на синдикализмот во социо – економските текови во општеството“ во х.Арка , Скопје. На синдикалната школа учествуваа голем број на членови од сите грански синдикати при КСС. На оваа синдикална школа се зборуваше […]

КСС го одбележи 8 март под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“

КСС го одбележа 8ми март под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“ По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, женската секција при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, одржа настан под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“, во Жена парк – Борец, каде што се делеше и печатен материјал, чија главна […]

Прва синдикална школа за млади на КСС

Од 9-11 ноември се одржа Првата синдикална школа за млади на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на која се обработуваше мобингот како  тема односно “ Вознемирување на работно место (мобинг) “. Обуката беше организирана од КСС, а поддржана од ITUC ( Интернационална конфедерација на синдикати) и  PERC ( Пан Европски Регионален Совет). Школата се […]

Мисија на делегацијата на ITUC/PERC во посета на КСС

На ден 7 и 8 јули 2016 година делегацијата на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) преку Пан европскиот регионален совет  (PERC) ја посети Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со мисија прием на КСС како полноправна членка во ITUC. Делегацијата на ITUC/ PERC беше во состав на Извршниот секретар на ITUC/ PERC, г-дин Антон Леппик, […]

Одржан четврти конгрес на КСС

На ден 21.12.2015 година во хотел Континентал во Скопје се одржа Четвртиот Конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на кој за Претседател на КСС едногласно беше избран Благоја Ралповски во наредниот петгодишен период. Во своето обраќање Претседателот на КСС истакна ,,Ние сме силата на новото време преточена во синдикалното движење во Македонија. […]