1. Home
  2. Новости
  3. ССКО: Битката за унапредување на работничките права е заедничка- поддршка за протестот

ССКО: Битката за унапредување на работничките права е заедничка- поддршка за протестот

ССКО: Битката за унапредување на работничките права е заедничка- поддршка за протестот
0
234 ПРЕГЛЕДИ

И гранскиот синдикат ССКО со поддршка за протестот кој е закажан за во четврток.

Битката за унапредување на работничките права е заедничка и поради тоа мора да биде сплотена и колективна, бидејќи сите работници, од јавниот и приватниот сектор, се соочени со прекршувања на нивните работнички права.

„Се приклучуваме на протестот во знак на револт против Владата и нејзиното непочитување на Законите, колективните договори и меѓународните конвенции на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има ратификувано. Работниците се наоѓаат на работ од бездната која се нарекува сиромаштија.

Македонија како земја која претендира да биде членка на Европската унија, со девалвирањето на работничките права и разорувањето на синдикалното организирање преку прогони на синдикалните лидери, нивни отпуштања, притисоците кои се вршат врз нив и нивното незаконско распоредување, тешко дека Македонија ќе може наскоро да биде дел од оваа европска заедница.

На нивните членови им порачаа во знак на солидарност да се приклучат на протестот, како и да покажат непокор кон Владата која што го руши синдикалното организирање.