
Претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествуваа на состанок на европско ниво наменет за социјалните партнери, кој се одржа во Малага на 28.01. 2025 во рамки на проектот Greenet – Забрзување на зелената транзиција на праведен и социјално одговорен начин – случаи во секторите индустрија, енергетика и транспорт. Овој состанок го одбележа последниот меѓународен настан кој се одржа во рамки на проектот Greenet, ко-финансиран од Европската Унија.
На состанокот присуствуваа 26 учесници од кои и претставници од ETUC и IndustriALL на кој што се разговараше за резултати од истражувањето и прелиминарните препораки, како и за усогласување на ставовите и финализација на платформата за политиката за чиста индустрија. Исто така на состанокот се разгледаа и различни стратегии за забрзување на зелената транзиција на фер и општествено одговорен начин низ секторите индустрија, енергија и транспорт.