1. Home
  2. Новости
  3. КСС го поддржа предлогот за покачување на платите во јавниот сектор

КСС го поддржа предлогот за покачување на платите во јавниот сектор

КСС го поддржа предлогот за покачување на платите во јавниот сектор
0
352 ПРЕГЛЕДИ

На денешната јавна расправа на Комисијата за труд и социјална политика се расправаше за предлогот за покачување на платите за 5% во јавниот сектор кој што беше предложен од група пратеници. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ги поддржува сите предлози во кои се вложуваат големи напори за покачување на платите и сите мерки за отварање на нови работни места затоа што најдобрата социјална политика е отварањето на нови работни места како и постојан раст на платите кој ќе придонесе кон придвижување на економијата во Р.Македонија. Само на овој начин ќе се покаже волја за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

gfdzkfg-131025

“На денешната комисија дадовме поддршка за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%. Ние како синдикати секогаш се бориме за правата на работниците и покачување на платите. Моментално се прави ребаланс на буџетот и се надеваме дека  предлогот ќе биде прифатен“ изјави Зоран Антовски, Генералниот секретар на КСС.

Анализите кои ги изврши Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија за движењето на платите во јавниот сектор, според кои најголем дел од вработените во јавниот сектор земаат плата под просечната, а на ниво на Р.Македонија истражувањата покажуваат дека дури 78% од вкупниот број на вработени земаат плата под 20.000,00 денари, сметаме дека новата Влада треба сериозно да ја земе во предвид оваа економска појава.