Од 17-18 октомври 2023, во Охрид се одржа тренинг обука на која присуствуваа синдикални претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Целта на оваа тренинг обука беше претставниците на синдикатот да се запознаат со значењето на синдикатите, нивните синдикални права, синдикалните лидери да донесат реални и ефективни одлуки за подобрување на положбата на синдикатот. Преку презентација на едукативните програми тие ќе можат да се запознаат со нивните работнички права, со законската легислатива што ги регулира тие права и потребата од почитување на законските одредби за да се обезбеди достоинствена работа, но и исто така понатаму да го пренесат своето знаење на синдикалните членови. Исто така, тие ќе го подобрат своето знаење за колективните преговори и социјалниот дијалог, но и за теми кои имаат големо значење за секојдневното синдикално делување на еден синдикален претставник.
Одржувањето на оваа работилница е поддржана од Union to Union, Шведска организација за поддршка на синдикатите како проект на ITUC/PERC за земјите од регионот.