Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, вчера ја одржа третата синдикална школа на тема „ Улогата на синдикатот и значењето на синдикализмот во социо – економските текови во општеството“ во х.Арка , Скопје.
На синдикалната школа учествуваа голем број на членови од сите грански синдикати при КСС. На оваа синдикална школа се зборуваше на теми кои се од значење за унапредување на знаењата на синдикалните претставници од областа на синдикализмот, човековите права, законот за работни односи и улогата на синдикатите како фактор во општеството за подобрување на економско-социјалната положба на работниците. Предавачи на синдикалната школа беа Проф. д-р, Гордан Калајџиев и Проф. д-р, Лазар Јовевски, а збор земаа и претседателот на КСС- Благоја Ралповски и претседателот на СОНК- Јаким Неделков.
*Организацијата на настанот е поддржана од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“ финансиран од Европската Унија и спроведуван од Меѓународната организација на трудот. Темата, содржината и дискусијата се единствена одговорност на Конфедерацијата на слободни синдикати и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија и на Меѓународната организација на трудот.