За најавениот протест на Синдикатот на полицијата во Македонија како грански синдикат при КСС со допис ја најави својата поддршка и Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија.
Тие сметаат дека барањата поради кои се одржува овој протест се легитимни и се основа за нормално функционирање на полицијата, а и на државата. Неисполнивањето на нивните барања значи непочитување на полицајците кои работат за оваа држава и нејзините граѓани и тие треба да бидат почитувани и да имаат достоинствено работно место со нормални услови за работа.
Синдикатот и на својата веб страна објави повик за приклучување на сите истомисленици, бидејќи борбата е заедничка.
Поврзани новости:
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор
- 100% ПЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА ИЗОЛАЦИЈА И БОЛЕДУВАЊЕ ОД КОВИД-19 И ЗАШТИТА НА РАБОТНОТО МЕСТО