1. Home
  2. Новости
  3. Реакција на КСС за предложените ковид мерки за вработените во јавниот сектор

Реакција на КСС за предложените ковид мерки за вработените во јавниот сектор

Реакција на КСС за предложените ковид мерки за вработените во јавниот сектор
0
422 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  се спротивставува и остро реагира на предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, во однос на тоа вработените во јавниот сектор во локалната самоуправа, „за да можат да одат на работа, да имаат примено најмалку една вакцина против Ковид – 19, да приложат негативен ПСР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид -19, не постара од 45 дена“.

Со предложените мерки се прекршуваат основните човекови права коишто се загарантирани со Уставот и законите на државата, но и со европските и светските конвенции за заштита на истите.

Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, како што тоа сака да го наметне Комисијата за заразни болести на чело со Министерот за здравство Венко Филипче.

Предлогот на Комисијата, трошоците за ПСР тестовите да бидат на трошок на вработените за нас е неприфатлив, со оглед на тоа дека над 80,000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата која не е доволна да се преживее во текот на месецот.

Недозволиво е на осиромашените работници  да им се наметнуваат дополнителни трошоци, а притоа да се прекршуваат и нивните човекови права.

Апелираме до Владата, да размисли добро дали ќе ги донесе овие мерки. Во спротивно, КСС ќе ги искористи сите синдикални мерки кои што ни се на располагање за да се избори против оваа неправда нанесена врз човековите права на работниците.