,,Работнички права вчера, денес и утре” – Свечена првомајска академија по повод 1Мај- Меѓународниот ден на трудот

По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија организираше Свечена Првомајска Академија на тема: ,,Работнички права вчера, денес и утре” за која упати јавен повик до сите политички партии да земат учество и да ги презентираат своите економски програми. На Свечената академија присуствуваа претставници од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, Движење ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ) и ЛЕВИЦА.
Барањата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија беа истакнати пред политичките партии, а тоа се:
– да се почитуваат правата на работниците
– да се почитуваат законите
– да се почитуваат колективните договори
– да се спроведува суштински, а не формален социјален дијалог
– да се усогласуваат платите согласно покачувањето на минималната плата според Законот за минимална плата
– да не се остваруваат загарантираните права преку протести и штрајкови како досега
– да се унапреди работата на Трудовиот инспекторат и да се ослободи од политичко влијание
– да се подобри судството во делот на трудовите спорови
– да се реши проблемот со корупција во јавниот сектори кој влијае како на платите, така и на заминувањето на работниците од тој сектор
– да се реши проблемот со функционирање на Комисијата за репрезентативност
На конференцијата се обрати моменталниот технички министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски кој даде мал осврт на моменталната состојба со работничките права во државата, но нагласи дека треба да се има социјален дијалог, да се слушне гласот на синдикатот за да се знае во иднина како со нивна помош да се применуваат законите и да се решаваат проблемите. Свое излагање имаа и претседателот на комисијата за труд и социјална политика, Лазар Јовевски и портпаролот Марија Митева кои се согласија дека состојбата на непочитување и неказнивост мора да се промени, мора да се почитуваат законите и дека мора да постои вистински социјален дијалог, а не само формален и дека се тоа е предвидено во нивната програма која е составена од 1198 проекти и кои ги вклучуваат синдикатите како вашен фактор во државата.
Следното излагање беше на претставниците од Движење ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ) во чие име говореше доц. д-р. Бобан Карапејовски. Тој заклучи дека има проблем со социјалниот дијалог и партнерство, и самиот е дел од синдикат и истакна состојби во образованието за кои е запознаен, но напомена дека од огромна вашност е комуникација со синдикатот за да се најдат решенија за сите ситуации за кои синдикатот од пракса знае како е најсоодветно да се постапи.
Последни кои се одзваа на нашиот јавен повик е партијата Левица, во чие име излагања имаа Александар Димитријевиќ – координатор на трудовиот сектор и Амар Мециновиќ- член на Президиумот на партијата. Тие во целост ја презентираа својата трудова програма, се она што го имаат предвидено како активности во кои би ги вклучиле и синдикатите, сублимирано во неколку точки меѓу кои и почитување на законите и колективните договори. Предвидуваат економски, политички, социјални и други мерки кои на крај завршуваат со работникот како нивна основа.
Сите присутни политички партии ни презентираа дека голем од нашите барања се веќе предвидени во нивните политички програми кои во идниот период претендираат да станат владини програми.
Очекуваме дека сите изнесени програми и ставови на политичките партии кои беа присутни денес ќе работат на нивно исполнување за конечно да се подобри состојбата на работникот во Македонија.
РАБОТНИКОТ НА ПРВО МЕСТО!!!





