Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ, во месец јануари 2024 го потпишаа Националниот акционен план за дигитализација за периодот 2024-2026, како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“.
Овој национален акционен план се фокусира на три области во кои што ќе се работи во следните две години:
- Информирање за рамковниот договор на европските социјални партнери (ЕФАД),
- Правото на исклучување (R2D) и
- Дигитализацијата на работата и комуникацијата на социјалните партнери
Национален акционен план за дигитализација
Дополнително, бидејќи Рамковниот договор на европските социјални партнери – ЕФАД (European Social Partners framework agreement – EFAD) од неговото потпишувањето до овој момент не беше преведен на македонски јазик, во рамките на овој проект беше преведен на македонски јазик.
Рамковен договор на европските социјални партнери – ЕФАД