1. Home
  2. Новости
  3. Потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“ и учество на панел на претседателот Благоја Ралповски

Потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“ и учество на панел на претседателот Благоја Ралповски

Потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“ и учество на панел на претседателот Благоја Ралповски
0
167 ПРЕГЛЕДИ

На 18 февруари 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа Годишна конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.

Конференцијата обедини претставници на институциите, бизнис-заедницата, академската јавност и синдикатите со заедничка цел: изнаоѓање конкретни и одржливи решенија за намалување на неформалната економија и зајакнување на формалниот пазар на труд.

Во рамки на конференцијата беше потпишана „Декларација за партнерство и акција: Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“, со која институциите, работодавачите, синдикатите и академската заедница презедоа обврска за координирана и системска борба против неформалната економија.

Како потписник на Декларацијата, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) ја потврди својата заложба за:

  • унапредување на законската регулатива и нејзина доследна примена;
  • целосна заштита на работничките права, пристап до достоинствена работа, правична плата и социјална сигурност;
  • спречување на непријавената работа и злоупотребите во работните односи;
  • развој на инклузивни политики и силен социјален дијалог;
  • транспарентност, отчетност и редовна евалуација на напредокот во процесот на формализација.

Во рамки на вториот панел, каде фокусот беше на тоа како да се создаде пазар на труд, деловно и институционално опкружување што ги поттикнува граѓаните, работниците и бизнисите да функционираат во формалниот сектор, активно учество зеде и претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Во своето обраќање, претседателот Ралповски нагласи дека доколку сакаме формализација тогаш мораме да ја направиме формалноста навистина вредна за работниците и дека обврска е да се создаде систем во кој истата би значела јасна заштита и сигурност.

Потпишувањето на Декларацијата претставува важен чекор кон системски пристап и координирана акција, а КСС ќе продолжи активно да учествува во сите процеси што водат кон создавање поправеден, поодржлив и транспарентен пазар на труд.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе продолжи гласно и одговорно да ги застапува интересите на работниците, со јасна порака: нема успешна формализација без силни синдикати и без вистинска заштита на работничките права.