Силна поддршка од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија за протестот на Синдикатот на полицијата
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) испраќа неизмерна поддршка до раководствоto и до секој еден член и како грански синдикат застанува во првите борбени редови во секоја битка која има за цел да ги унапреди правата на работниците, но и цврсто да ги побара сите права кои се обесправени.
,,Сметаме дека е недозволиво во една земја да се деградира и да се обесправува полицијата, да се загрозува професионализмот на една толку важна алка во оптествениот ланец, да се нарушува достоинството на вработените и на нивните семејства.
Остро го осудуваме пресметувањето со синдикалните претставници и загушувањето на синдикалното движење во Македонија, кое е од невидени размери во нашата земја која претендира да биде Европска земја.
Ви посакуваме да бидете истрајни во вашите барања и цврсто да стоите зад Вашиот став затоа што само силни синдикати можат да ги подобрат правата на работниците.
Со искрени желби до поскоро извојување на победа на синдикалните битки!”