1. Home
  2. Новости
  3. Повик за изработка на мобилна апликација на КСС

Повик за изработка на мобилна апликација на КСС

Повик за изработка на мобилна апликација на КСС
0
212 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во рамките на проектот Trade unions for a fair recovery: Strengthening the role of trade unions in mitigating the impact of the COVID-19 crisis објавува повик за ангажирање на физичко или правно лице за изработка на Мобилна апликација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). Апликацијата ќе има за цел да ги информира корисниците за услугите кои што ги нуди синдикатот како и за сите новости и активности на КСС.

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство во областа и изработка на мобилни апликации
  • Листа на изработени мобилни апликации
  • Професионалност и почитување на рокови
  • Познавање од следните програмски јазици: Android, JAVA, HTML, Non objective C++

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати потребно е да не контакираат телефонски на 02/2466-238 или на e-маил contact@kss.mk за закажување на консултативен состанок. По одржаниот телефонски консултативен состанок со кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Рокот за пријавување е до 07.03.2022.

Со финансиска поддршка од проектот Trade unions for a fair recovery: Strengthening the role of trade unions in mitigating the impact of the COVID-19 crisis, кој го спроведува Европската конфедерација на синдикати, а е финансиран од Европската Унија.