1. Home
  2. Новости
  3. Пензионерскиот синдикат го поддржува штрајкот на СОНК

Пензионерскиот синдикат го поддржува штрајкот на СОНК

Пензионерскиот синдикат го поддржува штрајкот на СОНК
0
366 ПРЕГЛЕДИ

Пензионерскиот синдикат на Македонија дава безрезервна поддршка на генералниот
штрајк на СОНК и изразува надеж дека ќе успее во борбата за постигнување на целта.
Воспитно – образовниот кадар е најмногу заслужен за тоа во какви луѓе ќе израснат
нашите деца, па поради тоа играат клучна улога во општеството. Барањата коишто СОНК
како претставник на вработените во основното, средното образование и градинките ги има
поставено пред Владата се легитимни и им следуваат согласно законските прописи кои ги
опфаќаат.
Платите на вработените во овие дејности се под просечната и се најмали во регионот и во
Европа, а СОНК веќе четири години активно бара да се усогласат колективните договори
со растот на минималната плата за да се зголемат и нивните плати.
На родителите би сакале да им порачаме дека треба да имаат разбирање и да бидат
солидарни со вработените коишто од Понеделник стапуваат во штрајк.