ОТВОРЕН ДЕН СО КСС

0

Конфедерација на слободни синдикати организира отворен ден за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе од областа на работните односи, синдикатот и синдикалното делување.

Ве покануваме на 23.09.2021 год. ( четврток ) од 10,30- 13,00 часот да го поминете денот заедно со нас во кафе Three Kitchen & bar кој се наоѓа на ул. 50 та Дивизија бр. 25 веднаш до просториите на КСС.

Отворениот ден ќе го искористиме за да пренесеме што синдикатот нуди за членовите, како сето тоа може да го искористите и секако можностите за станување на член на КСС кој брои над 50.000 членови од различни сектори.

Повелете заедно ќе испиеме кафе и ќе поразговараме за се она што ве интересира.

Поканата е отворена за сите вработени лица, невработени лица, пензионери, студенти, млади невработени, сите заинтересирани и сите оние кои имаат прашања.

Сподели на социјални медиуми

Copyright kss.mk