Во периодот 22.11.2024 до 24.11.2024 во соработка со Solidarity Center од Америка Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), успешно ја организираше и втората обука на тема „Обука за лидерство, личен развој и трансформација на конфликти“. На втората обука беа присутни претставници од Независниот синдикат на одбраната (НСО) и Синдикатот на станбено – деловните, комунални, локално – самоуправни, водостопански и радиодифузни органзиации на РМ (ССКО).
Обуката беше спроведена преку интерактивни дискусии и работа во тимови, кои овозможија учесниците да ги применат стекнатите знаења во пракса, разменувајќи искуства и идеи со своите колеги, а како предавач на обуката беше проф. д-р Лазар Ѓуров од Институтот Симбиотика.
Целта на овие обуки е: Зајакнување на отвореноста на личен развој и учење; Прифаќање на GROWTH MINDSET-от како клучен за напредок; Зајакнување на лидерските капацитети на лидерите на синдикалните организации; Запознавање на личните вредности и согледување колку тие се предност или пречка за успешно водење на синдикалните организации; Зајакнување на способностите на градење на доверба во членовите на своите синдикални организации; Зајакнување на вештините за трансформација на конфликтите меѓу работодавачите и вработените; Зајакнување на вештините за преговарање во различни ситуации во тек на водење на синдикалните организации; Запознавање на фазите на развој на групите во тимови и зајакнување на лидерите правилно да препознаат и потоа да применат соодветно лидерство; Запознавање на основните мотивациски потреби кај луѓето и дефинирање на начини како истите се задоволуваат преку синдикалното движење; Зајакнување за регрутирање на нови членови и Поттик за мотивирање на постоечки членови да бидат поактивни.
Оваа обука претставува значаен чекор кон зајакнување на синдикалното движење во Македонија, поттикнувајќи личен и професионален развој кај лидерите, претседателите на синдикалните организации но и членовите на синдикатите.
КСС останува посветена на организирање вакви обуки, со цел создавање силни и ефикасни синдикални организации кои ќе ја унапредат благосостојбата на своите членови.