1. Home
  2. Новости
  3. КСС доби поддршка од РСС „Солидарност“ за почитување на фундаменталните синдикални права

КСС доби поддршка од РСС „Солидарност“ за почитување на фундаменталните синдикални права

КСС доби поддршка од РСС „Солидарност“ за почитување на фундаменталните синдикални права
0
509 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС денес ја свика оваа прес-конференција со поддршка од братските синдикати од регионот, членки на Регионалниот синдикален совет „Солидарност “ со цел јавно да го истакне револтот од притисоците што ги доживуваат синдикалните лидери во последно време.

Имено, КСС јавно ги искажа своите ставови и побара од Владата на Република Македонија  усогласување на платите согласно минималната плата, покачување на платите во јавниот сектор и отварање на Општиот колективен  договор, со посебен акцент на регресот за годишен одмор популарниот К-15. Наместо преговори, одредени структури на власта т.е. управувачките одбори во АД ЕЛЕМ спречија легитимни синдикални избори, а директорите сакаат насила да постават свои луѓе со цел преземање на синдикалната организација. Сето ова кулминира со отказот од работа на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, со цел да се испрати порака до сите синдикални претставници на синдикатот.

„Овој скандал е невиден на европско тло. Се прекршија повеќе конвенции од МОТ за слободно здружување како и Законот за работни односи. Сакаме да им порачаме дека нема да не сопрат во нашите легитимни барања, согласно законите во РМ за покачувањето на платите во јавниот сектор и отпочнување преговори за Општиот колективен договор, туку напротив доколку не се сопре со ваквите притисоци, КСС ќе го радикализира  своето делување“, истакна Претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

24883039_1493186350718810_245734040_oDA

Регионалниот синдикален совет „Солидарност“ остро го осудуваат отказот на Претседателот, поради синдикални активности и порачаа дека доколку Владата на Р.Македонија тежи кон влез во Европската Унија треба да ја почитува Повелбата за основните права на ЕУ, која е дел од Римскиот договор за основање на ЕУ.

РСС „Солидарност“ ја повикува Владата на Р.Македонија да ги почитува фундаменталните синдикални права и слободи и да ја поништи незаконски донесената одлука за отказ на Претседателот на репрезентативната синдикална централа, КСС и да престане да се меша во слободното синдикално организирање и делување.